Нови кровни покриви и нови лифтови во Карпош

На седумдесет и првата седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно деветнаесет предлог точки.

На местото на советничката Магдалена Несторовска, на која ѝ беше констатирано престанок на мандатот на функцијата, денеска советниците од локалната самоуправа едногласно ја изгласаа Елена Јованова – Грујовска, за нова советничка во советот на Општина Карпош, до крајот на преостанатиот мандат на Советот на Општина Карпош.

Советниците на денешната седница ги усвоија годишните Извештаи за работата на четирите Јавните установи- општинските детски градинки кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа: „Орце Николов“, „Пролет“, „Распеана Младост“ и „Мајски Цвет“.

Исто така, беше усвоена Годишната програма за работа на четирите детски јавни установи за 2017/2018 година. Советниците дадоа „виза“ и за заменување на стари дотраени кровни покривачи со ребраст поцинкуван пластифициран лим во колективни станбени објекти на подрачјето на Општина Карпош.

Подземни контејнери за одлагање на комунален отпад во Општина Карпош со утврдување на постапка за инсталација на систем, одобрија советниците од Карпош. Финансии за реконструкција – ремонт на лифт во колективен станбен објект на улицата „Никола Русински“ 3А влез 1, и улицата „Никола Русински“ 3/1, како и одобрување на финансиски средства за поставување на нов лифт во колективен станбен објект на улицата „Франклин Рузвелт“ 63А, влез бр.1 ,беа одобрени од советниците и на оваа седница на Советот на Општина Карпош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.