Нови македонски преводи од областа на филозофијата, историјата и психологијата

Студентите, постипломците, докторантите и стручната јавност ги добија првите десет преводи на македонски јазик од капиталната книжевна едиција „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. Проектот, што го реалира Владата, Министертството за култура и Филозофскиот факултет, вклучува преводи на 366 дела од еминентни автори во овие области.  До крајот на годинава се предвидува да се преведат уште 50 книги, а  проектот треба да финишира до 2017 година.

На денешната промоција, беа претставени пет наслови од областа на филозофијата, три од областа на историјата и две преведени дела од областа на историјата.

Како што истакна министерата за култура, Елизабете Канческа Милевска, овие дела ќе бидат од големо значење во универзитетската настава и истражување, студентите ќе имаат можност, преку квалитетната научна литература, да бидат во тек со современите научни сознанија.
Воедно, „Врвовите на светската филозофија, историја и психологија“ се еден од најголемите преведувачки предизвици што воопшто некогаш и’ се поставени на  нашата јазична и културна заедница.

„Со овој проект, ќе се потврдат и дополнително ќе се развијат капацитетите на македонскиот јазик, неговиот лингвистички потенцијал за артикулација  на најсложените нијанси на мислата и значењата на изворните дела. Првите десет дела од едицијата Врвови на светската филозофија, историја и психологија“ кои што денеска се промовираат се настанати во временски распон од близу пет столетија и покриваат мошне широк тематски спектар. Меѓу познатите филозофски имиња со кои ќе се сретне македонскиот читател се преводите на делата на Френсис Бекон, Џон Стјуарт Мил, Лудвиг Витгенштајн, Алфед Ејер и Џон Серл,  историските студии  на Малколм Андерсон, Кети Кармишел, Ричард Хал, теоретски пристапи  во психологијата на Мет Џарвис и применетите истражувања на Ричард Кругер и   Мери Ен Кејси“, посочи Канческа Милеска.

На промоциата присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој посочи дека преводите се од големо значење заради недостигот на ваква литература на македонси јазик. Тој истакна дека кај издавачките куќи не постои голем интерс за издавање на вакви едиции на македонски јазик поради големината на пазарот, но и дека сепак  ваквата литература е присутна, меѓутоа со превод на јазиците од соседството, што сепак се разбирливи за македонските граѓани.

Министерството за култура, во изминатиот период поддржа издавање на над  150 книги кои ја збогатија научната и стручната литература во нашата земја. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.