Нови методи на следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата

рсбсп

Проектот „Примена на индикатори за следење на состојбата со безбедноста на сообраќајот на патиштата на локално ниво“ ќе се спроведува од април годинава со поддршка од Владата на Република Македонија.

Како што информираат од РСБСП, ќе се следат индикатори кои што се однесуваат на возачите, за брзината на движење, за возилата, за користењето на системите за пасивна безбедност, за пешаците и за патната мрежа.

Самиот процес на следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата врз основа на индикатори ќе биде континуиран и постојан и претставува чекор напред во унапредување на процесот на управување со безбедноста во патниот сообраќај. Очекуваме на среден рок да добиеме квалитетни податоци за состојбата со сообраќајот на локално ниво и да ги преточиме во препораки за нејзино подобрување и намалување на бројот на сообраќајни незгоди, се вели во соопштението од РСБСП.

Во моментов се спроведуваат обуките за претставниците од локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи за следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата на локално ниво, врз основа на точно дефинирани индикатори.

Ваквиот систем е во согласност со европската пракса, со препораките на експертската група  за  унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во регионот на Југоисточна Европа, научно и емпириски поддржан и претставува основа за создавање база на податоци врз основа на кои ќе се креираат политики и мерки за унапредување на безбедноста на патниот сообраќај во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.