Нови 1.288 мигранти поминале низ Македонија

migranti makedonija grcija srbija ungarija

Нови 1.288 мигранти поминале низ Македонија во текот на вчерашниот ден. МВР информира дека во текот на вчерашниот ден и денес до 8 часот на вкупно 1.288 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 807 се од машки пол, 200 се од женски, 221 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 60 деца кои патуваат без родител.

Нови 1.288 мигранти во текот на вчерашниот ден поминале низ Македонија
Нови 1.288 мигранти во текот на вчерашниот ден поминале низ Македонија

Најбројни се бегалците од Сирија, а по нив следуваат оние од Авганистан, Пакистан, Палестина, Ирак и во помал број од други земји.

Од јуни досега според бројот на издадени потврди, вкупно 47.994 мигранти поминале низ Македонија. Од нив 33.114 се од машки пол, 6.593 се од женски, 7.480 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 807 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.164, потоа Авганистан-2.258, Ирак-2.152, Пакистан-1.452, Палестина-603, Сомалија-564, Бангладеж-332, Конго-305, Нигерија-165, Камерун-154 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број, соопштуваат од МВР.

Поднесени 49 барања за признавање право на азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Поднесени 49 барања за признавање право на азил
Поднесени 49 барања за признавање право на азил

Од нив, како што информира МВР, 36 барања се од државјани на Сирија, (од кои десет се за деца), потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил до вчера евидентирани се вкупно 14 баратели на азил, од кои девет мажи (од кои еден барател на азил е повреден), две барателки на азил се жени (од кои една барателка на азил е хоспитализирана поради бременост), тројца баратели на азил се малолетни лица и еден барател на азил е малолетен без придружба со повреда.

Мобилните екипи на Црвен крст укажале помош на 205 лица

До вчера до 17 часот мобилните екипи на Црвениот крст укажале прва помош на 205 лица, од кои 114 на Табановце и 91 на Гевгелија, меѓу кои и на 11 трудници.

Дистрибуирани се 1.854 шишиња вода, 43 пакети со храна, 27 индивидуални хигиенски пакети, шест ќебиња и 28 пакети за бебиња.