Македонија,Крими хроника

Нови моменти од кражбата во менувачницата во која се повредени татко и син

Нови моменти од кражбата во менувачницата во која се повредени татко и син

Татко и син синоќа беа ограбени и повредени пред нивната менувачница во скопската населба Ѓорче Петров.

Според последните информации од Министерството за внатрешни информацаии, околу 60.000 евра им биле одземени на  54-годишниот З.И. и на неговиот 22-годишен син А.И..

Двајцата повредените, кои синоќа беа нападнати на улицата „Тодор Циповски- Мерџан“ бр. 28, по разбојништвото биле пренесени во Клиничкиот центар. Тие денеска биле пуштени на домашно лекување.

Полицијата интензивно трага по тројцата напаѓачи кои веднаш по злосторството што го сториле избегале со пленот и со пиштолот на еден од газдите, оружје кое тој го поседувал со дозвола.