Нови моменти од пеколниот план на Заев за 17-ти мај

Свесен за силата и непобитните докази против него лидерот на СДСМ, Зоран Заев оди на се или ништо на најавените протести за 17 мај. Како се приближува судскиот процес за случајот „Пуч“ се повеќе на виделина излегува мрачното сценарио на Заев. Се откриваат нови моменти од пеколниот план на Заев за протестот на 17 мај, пишува Курир.

Дел од медиумите уште минатата недела повикувајќи се на партиски извори од СДСМ пишуваа дека лидерот на опозицијата подготвува мрачен план за спас на својата кожа преку предизвикување на силен конфликт и судири меѓу Македонците, водејќи се од девизите „затоа што јас пропаѓам, нека пропадне и Македонија“ или „подобро е да направам конфликт за да се спасам самиот“.

Членови на СДСМ кои не се согласуваат со она што СДСМ и Заев го подготвуваат на 17. мај велат дека во партијата на големо се во тек подготовките за украинско сценарио во Македонија. Извори од партијата велат дека постои добро смислен план за дејствување, масовни немири, тепачки, закрвување. Според извори од СДСМ секоја општинска организација добила наредба да подготви 30-50 радикални лица кои би имал задача да бидат лидери во предизивикувањето на насилства и нереди. Веќе од некои од организациите пристигнале до партијата такви списоци на кои доминираат лица со криминално досие, познати насилници, како и лица на кои пукањето, тепањето и обидите за убиство не им се непознати.

Централата на СДСМ, велат истите извори, веќе е во процес на набавка на околу 2.000 маски фантомки кои треба да ги носат демонстрантите, како би се приклиле и би го отежнале процесот на препознавање по евентуална реализација на планираните сценарија на СДСМ. Планот опфаќа и радикалните групи на денот на протестот за да одвојат од толпата и по однапред дадени задачи да продолжат на разни локации низ градот со насилство, кршење на излози, локали.

Дополнително партијата дала инструкции до сите членови, членството да земе подолг одмор од работните места, за да по точно утврден план дежура на пунктовите и шаторите во кои би останале по протестот на 17-ти месецов, како и по точно утврдени насоки да продолжат со насилствата.

Според новите информации кои кружат во јавноста, групите кои ги организира СДСМ од внатрешноста кои би доаѓале со автобуси кон Скопје од западната страна треба да застануваат пред влезот во Ѓорче Петров каде што веќе и ги чекале камиони полни со камења и ладно оружје (палки, летви со шајки, ножеви..) кои би им биле доделувани во автобусите и би имале за цел да ги употребат на протестот. Оние кои би доаѓале од источната страна истото би го правеле кај Хиподром.

Се дознава дека Заев имал ангажирано и луѓе од странство со големо искуство за правење на насилни протести кои дебело биле платени од соросовата фондација и кои цело ова време ги советуваат СДСМ како да се изведе овој пеколен план. Некои од овие  лица имаат невладини организации и дејствуваат под нивен плашт. Исто така, провејува и информацијата дека СДСМ организира и градежна и земјоделска механизација, како багери и трактори со кои би пробале да ја нападнат полицијата и да ги разбијат нивните редови. Очигледно дека контињерите кои ги употребуваа на 5 и 6 мај беа само загревање за ова пеколно сценарио каде со багери треба да се газат полицајците.

Заев очајно работи и на обезбедување на поддршка од албанскиот фактор, пред се од партијата Беса за која се знае дека е во блиски односи со СОРОС фондацијата. Дополнително загрижува и фактот што според информации од истрагата дел од уапсените терористи во Дива населба, дале информации дека дел од нивниот план е токму на 17 да предизвикаат поголем инцидент кој би се поклопил со митингот на СДСМ и кој би бил искористен за креирање на почеток на тешки насилства.

Пленумите кои Заев и Милчин ги формираа треба да ја имаат улогата на параван зад кој би се криеле СДСМ и СОРОС и би упатиле порака кон меѓународната јавност. Некои од навивачките групи повторно би биле ангажирани да исценираат судир со полицијата на делови од периметарот како што тоа го правеа на 5 и 6 мај.

Медиумите веќе пишуваа дека мрачното сценарио на СДСМ и Заев, во голем дел го подготвува и поранешниот прв човек на УБК во време на СДСМ, Миле Зечевиќ на кој му асистираат неколку лица од скопското подземје кои имаат богато криминално досие и се познати во јавноста по големиот број насилства. Истите извори додаваат дека во СДСМ постои и добро разработен план за напад и на неколку државни институции и обид за нивно заземање кој се држи во тајност, а само повремено се споменува.

Најстрашното и најморничавото сценарио кое СДСМ и Заев во обид за спас на сопствената кожа се обидува да го спроведе е уфрлувањето на поединци меѓу протестантите кои би биле вооружени со огнено оружје. Овие лица, според крвавото сценарио во одреден момент треба да пукаат кон македонската полиција или уште пострашно да пукаат кон самите демонстранти повредувајќи некој за сето тоа да го прикажат како напад на безбедносните сили врз демонстрантите и да предизивикаат незадоволство во јавноста.

Во СДСМ се зборува и дека како реална бројка на протестите очекуваат меѓу 10 и 15 илјади луѓе кои преку медиумите на СОРОС и СДСМ со добро подготвен план истата ќе ја претстават како многу поголем, која би достигнала меѓу 80.000 и 100.000 лица. Оваа прикажана бројка очекуваат дека би влијаела на останатата јавност за дополнителна поддршка на протестот.

Извор: Курир