Нови наоди во локалитетот Црквиште

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска ќе го посети локалитетот Црквиште, во кумановското село Клечовц.

На овој локалитет во изминатиот период се одиваа археолошки истражувања, во рамки  на кои, како што соопшти Министерството, археолозите наидоа на нови наоди кои се од особено значење за археологијата од овој дел на Македонија.

Истражувањата беа поддржани од Министерството за култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.