Нови неповратни 15,5 милиони евра за развој на руралните средини

Европската унија додели неповратен грант од од 15,5 милиони евра за развој на руралните општини и за Ипард. Договорот денеска го потпишаа министерот за финансии и  вицепремиерот Зоран Ставрески, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и претставникот на Светска банка Рејмонд Бордо.

Старврески посочи дека од државниот буџет ќе се издвојат дополнително  5,2 милиони евра со што фондот за проектот за поддршка и развој на руралните средини ќе достигне 20,7 милиони евра.

Парите кои ќе можат да ги користат општините, веќе од 2015 година, но претходно треба да аплицираат со конкретни проекти, пред се’ се наменети за подобрување на квалитетот на живеење во руралните области, што пак од друга страна би се овозможил и развој на земјоделството како и туристичката понуда во овие делови. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за инвестиции во инфраструктурни прокети како што се водоснабдување, собирање и третман на отпадни води, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, улично осветлување, како и изградба на туристичко-рекреативни објекти, детски градинки, училишта и младински и културни центри.

– Со овој проект се поддржува рамномерниот регионален развој и развојот на руралните средини, одноно ќе биде насочен кон давање на поквалитетни услуги за живот и економски развој на понеразвиените подрачја на руралните средини. Тоа е и приоритет на владините политики односно создавање на подобри инфраструктурни и други улови за економски развој на руралните средини, рече Ставрески.

Со парите од грантот, руралните општини ќе добијат по 240.000 евра, а урбаните по 120.000 евра.

Засега искористеноста од проектот за поддршка на општините  што е  во соработка со Светската банка,  аспоред кој што се предвидени 56,1 милиони евра, е на високо ниво, посочи Ставрески.  Од вкупно 56 милиони евра, 34 општини веќе искористиле 24 милиони евра. Но, во завршна фаза или во фаза на одобрување се повеќе проекти со кои речиси ќе бидат целосно искористени овие пари. Целта на проектот беше обезбедување финансии за инфраструктурни и други проекти што ќе го поттикне развојот на општините но и индиректно ќе отовори работа за градежните фирми и ангажирање на нови работници.е на високо ниво.