Македонија

Нови обуки за усовршување на итната медицинска служба

Нови обуки за усовршување на итната медицинска служба

Министерството за здравство донесе правлиник за функционирање на итната медицинска служба, кој предвидува практични обуки и дежурства за сите доктори и медицински сестри во Ургентните центри од 15 септември годинава.

За оваа цел  15 доктори од 15 градови низ Македонија ќе заминат на дополнителна едукација во Измир, Турција.

– Идејата е сите медицински лица во Ургентните центри да видат како функционираат нивните колеги од другата страна и да се стекнат со реални знаења и вештини, како и да се согледаат пропустите кои се правеле во текот на претходното работење, рече Тодоров.

Тој нагласи дека сите доктори и  медицински сестри од 15 септември ќе бидат задолжени да дежураат по една смена два пати месечно, а комуникацијата во Ургентните центри  ќе се врши преку тетра-комуникациски системи, со цел да не се губи скапоцено време при трансферот и примопредавањето на пациентите.

Дневно во Ургентните центри во Скопје се донесуваат по околу 20-тина пацинети кои се во животно загрозувачка состојба.