четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 58

Нови патеки и плажи на крајбрежјето на Охрид и Преспа

pateka-1-640x294

Поврзани вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајковки ја посети пешачката патека во близина на селото Подмоље.

Министерот Мисајловски информира дека за изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари и додаде дека истата ќе биде проширена со дополнителни содржини.

Воедно Мисајловски истакна дека изградбата на новата плажа ќе започне кон крајот на оваа или почетокот на другата година.

 

Владата преку Министерството за транспорт направи и две нови плажи на преспанското крајбрежје, во Сливница и Стење, уште две во Дојран, а планира и изградба на плажа во Лагадин за што е веќе потпшишан Договор.

На преспанското крајбрежје е почната и реализацијата на пешачката патека долга околу пет километри, а уште две нови патеки, како што рече Мисајловски, се направени и во Дојран, едната долга 500 метри, а другата 150 метри.

– За плажата во Лагадин е потпишан договор, целата процедура е завршена, останува уште елаборатот за животна средина. Доколку биде одобрен од Општината, може да почнеме со градба, посочи Мисајловски во разговорот со Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека плажите што се направија во Преспа треба да бидат пример за сите.

– Треба да се направат плажи и во Охрид. Кога ќе се направат, луѓето ќе видат дека е позитивно тоа што се прави и ќе се намали отпорот кај помалите структури,  истакна Груевски.

Поголем дел од граѓаните, рече, сакаат изградба на модерни плажи, но молчат, се слуша само гласот на малите еколошки здруженија кои се против.

Мисајловски додаде дека пешачката патека во Преспа ќе биде една од најголемите што ја прави Министерството, ќе опфати три локации, ќе овозможи поголемо раздвижување во регионот и, како што напомена, ќе привлече поголем број туристи.

– Гледаме да ги задоволиме сите барања на еколошките здруженија и поради тоа сме малку во застој, подвлече министерот за транспорт.

Груевски ќе ја продолжи посетата на Општина Дебарца во Горенци и Ботун каде се почнати повеќе инфраструктурни проекти.

Најчитани вести