Нови пешачки патеки во Аеродром

Општина Аеродром почна со изградба на нови пешачки патеки, кои треба да им го олеснат движењето на граѓаните во општината.

Градежни активности за изградба на нови пешачки патеки, со вкупна должина од околу 500 метри се вршат на ул. „Февруарски поход“ во Реонски центар „Аеродром“.

Вкупната површина за изведба на пешачките патеки е околу 3.500 метри квадратни со поставени бекатон-плочки во сива и црвена боја, соопшти општина Аеродром.