Нови пет случаи на ХИВ

Од почетокот на годинава до сега се регистрирани 5 нови случаи на ХИВ. Сите новозаболени се МСМ, односно болеста ја добиле преку незаштитен сексуален однос. Тројца од нив се на антиретровирусна терапија и се на возраст меѓу 20 и 35 години.

Од Инфективната клиника потврдуваат дека очекуваат бројот на заболени и понатаму да расте со што би можел да биде надминат минатогодишниот број од 45 инфицирани од овој вирус.