Балкан

Нови поплави во БиХ, дожд во Хрватска, Црна Гора без струја

Нови поплави во БиХ, дожд во Хрватска, Црна Гора без струја

Невремето донесе проблеми во речиси целиот регион, во БиХ повторно се поплавени некои општини, за Хрватска и денеска се најавени обилни врнежи, а во Црна Гора невремето предизвика проблеми во повеќе градови.

Во БиХ најтешка е состојбата во западна Босна. Во Црна Гора пак подрачјето на Бар и Улцин се без струја од раните утрински часови. Поради грмежите се расипаа два 110 киловатни далеководи.

Во Хрватска, одредни градови како Шибеник и Задар со околината, уште од вчера се погодени со силно невреме, а лошо време се најавува и денеска посебно во Ријека, Истра и Кварнер.