Нови претреси во станови на осомничени исламисти во Австралија

Австралиската полиција соопшти дека извршила претрес во станбен реон на јужниот град Мелбурн денеска во рамки на акции против исламисти за кои се сомневаат дека планираат напади во државата.

Австралија која ги поддржува САД и акциите во Сирија и Ирак против Исламска држава, е под тревога за можни напади на радикални исламисти или на локални лица кои се вратиле од судирите во Блискиот исток.

Минатата недела австралиската полиција застрела 18-годишен наводен терорист откако тој повреди со нож двајца полицајци во Мелбурн.

– Оваа оперативна активност не е одговор на заканата за јавната безбедност и не е поврзана со случајот од минатата недела, соопшти австралиската полиција во коминике по повод денешните акции.