Македонија

Нови примери кои го прават раководството на СДСМ фашистичко

Нови примери кои го прават раководството на СДСМ фашистичко

Народот веќе навикна да слуша како СДСМ и неговите перјаници говорат за демократија, а да гледа како на дело се пресметуваат со нивните неистомисленици. Низа примери покажуваат дека дел од постапките на опозицијата наликуваат на фашистичко делување, пишува денес порталот Курир.

СДСМ во ниту еден момент не се огради од грозоморните и фашизоидни текстови на соросовите колумнисти за кои често пати се добива впечаток дека тие им ги креираат текстовите кои раководните од СДСМ само ги читаат на прес-конференции, сметаат аналитичарите.

Голем е списокот на пресметките со неистомислениците, на партијата за која примерите покажуваат дека само декларативно се залага за демократија. Еден ваков инцидент се случи во средата, кога беше нападнат домот на пратеничката Љубица Буралиева. Нејзината врата од семејниот стан беше исчкртана со зборовите „Ку… продадена“, а многу е веројатно дека зад овој инцидент стојат активистите на СДСМ.

Примерот со заканите кон Солза Грчева и Љубица  Буралиева не е единствениот каде СДСМ го покажува недостатокот на демократски капацитет. СДСМ тоа го правеше и во случајот кога Стевчо Јакимовски не се согласуваше со СДСМ. Актуелниот градоначалник на Карпош во гостувањето во емисијата „Вин Вин” кај Оливера Трајковска во март 2013 обвини дека СДСМ му се заканувал нему и на неговите синови.

– Вие сте меѓу првите  што ми се заканувате. Вие направивте големи грешки. Се јавувате во четири наутро и му се заканувате на едниот син. Многу добро знаете чиј син седел на маса кога му се јавувате на другиот мој син за да му се заканувате, рече Јакимовски.

Јакимовски го навлече гневот на партијата во моментот кога реши да не ја почитува одлуката за бојкот на изборите и се кандидираше за градоначалничката фунција преку Српската напредна странка на Драгиша Милетиќ.

Поранешниот премиер Владо Бучковски во колумна објавена во јуни 2006 година откри дека е мета на навреди и закани во СДСМ бидејќи не се согласувал со самото раководство на партијата.

– Оние што мене „ме срушија“ заради заслугите, станаа дел од најблиското опкружување на новиот претседател… беа таму с` до првиот нареден пораз, на парламентарните избори во 2008 година… Радмила си даде оставка по изгубените избори… тие останаа и понатаму во првите редови да шефуваат, да станат пратеници… да ја мерат должината на аплаузот, пишуваше Бучковски.

Во 2007 година СДСМ направи инцидент во Собранието кога три пратенички беа брутално нападнати од пратеници на оваа партија, во 2008 година ги нападна полициските службеници пред Основниот суд во Скопје во протестите во кои меѓу првите редови беше Радмила Шекеринска, а трет пат во 2010 година нападна службеник кој си ја вршеше својата должност исто така во Собранието на Република Македонија. Во 24 декември 2012 година раководството на СДСМ го проби кордонот полиција пред Собранието и тргна да се пресметува со народот кој стоеше отспротива .

СДСМ се пресметува и со новинари и медиуми

Портпаролот Петре Шилегов редовно одговара на само однапред познати новинарски прашања на сите други со неумесни досетки и навредливи политички квалификации ги обележува новинарите.

СДСМ секојдневно праќа соопштенија каде етикетира цели медиуми „провладините меиуми, партиските гласници, мегафоните на власта“, на што ЗНМ досега ниту еднаш не реагираше. Тие се единствениот пример на партија која организираше протестен митинг пред приватна национална телевизија.

Останува отворено прашањето за каков демократски капацитет говори СДСМ кога речиси и да нема тендер во општина Струмица кој не е распределен на родниците или пријателите на семејството Заеви. Тендери добивале таткото, братот, чичкото, снаите, братучедите на Зоран Заев.

Хипокризијата продолжува кога заменик претседалот Радмила Шекеринска тврди дека Скопје 2014 е забеган проект, а прави скапи забави за одбрано друштво токму во објекти од истото Скопје 2014 на кое присуствува раководството на СДСМ.

Таму можеше да се види безмалку целото раководство на СДСМ. Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов. Зборовите на СДСМ упатени кон овој проект како забеган, налудничав, кич не беа репер и немаа важност кога требаше да се прославува. . Токму оваа прослава наиде на остри критики дури и кај дежурните поддржувачи на опозицијата.

СДСМ јавно не осуди ниту еден осуден случај каде има пресуди за криминал или незаконско дејство како што беше со случајот со Љубе Бошковски, Дејан Ставриќ, случајот со шпиунажа на Ване Цветанов, се остави целосно во одбрана кога стана збор за судските постапки на Александар Петрески и поткупот на Виктор Божиновски.

Секогаш кога се приведуваат лица кои во јавноста важат за блиски до опозициската партија, СДСМ обвинува за политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта. Сепак,  ако се погледне списокот на притворени или осудени за криминал и личностите се раздвојат според политичката припадност, ќе се види дека повеќето од нив се или биле членови  или блиски до владејачката партија. Така на тој список може да се најдат Паско Кузман, генералот Горан Стојков, Љубе Бошковски, Ване Цветанов и други. За сите овие СДСМ почна да се грижи дури откако беа притоврени, иако  претходно беа жестоко напаѓани.