Спорт

Нови проблеми за Кастратовиќ, остана и без Фернандез

Нови проблеми за Кастратовиќ, остана и без Фернандез

Продолжуваат проблемите за ЖРК Вардар, откако и шпанската интернационалка Бегоња Фернандез ќе паузира подолг период поради кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Повредата ја заработи на последниот дуел од Лигата на шампионите против Турингер, а откако беа извршени лекарски прегледи констатирано е дека на пивотот на Вардар и следува подолга пауза од терените.

Таа е третата ракометарка што ќе отсуствува извесно време, бидејќи операции на коленото и рамото имаа и Алисон Пино и Татјана Хмирова.

Се чини дека Фернандез ќе отсуствува најдолго од сите три, со оглед на тоа што рехабилитација за ваков вид на повреди трае околу шест месеци, што значи во целосен тренажен процес би била пред крајот на сезоната.

Со повредата на Фернандез, сега целиот притисок на пивотменската позиција ќе падне врз Германката Ања Алтхаус.

Следниот натпревар од Лигата на шампионите вардарки го играат викендов во Копривница против Подравка.