Нови проблеми за Обрван пред стартот на ЕП

Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот во спортскиот центар Кале ќе го одигра вториот контролен натпревар пред стартот на Европското првенство во Данска, а противник ќе и биде селкцијата на Црна Гора.

Црногорците треба да ни послужат за да ја избрусиме формата пред настапот во Данска, но како што се ближи времето до почетокот на превнството селкторот Ивица Обрван, се соочува со се поголеми проблеми околу конечниот состав. Тој би можел да остане и без услугите на Дејан Пецаковски, кој не тренираше на првиот собир по враќањето од Пореч.

Од таборот на „црвено-жолтите“ се најавува дека последниот збор ќе го има лекарскиот тим, но сите искрено се надеваат дека Пецаковски ќе успее да ги надмине проблемите и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Во ситуација кога поради повреди останавме без Наумче Мојсовски и Филип Лазаров, токму Пецаковски беше еден од оние што се очекуваше да добијат позначителна минутажа. Сепак, останува да се види дали повредата на коленото е од посериозен карактер, па левиот бек ќе се приклучи на листата на „малерозни играчи“ што нема да можат да настапат во Данска.

Освен со Црна Гора, македонската репрезентација пред стартот на првенството ќе одигра уште еден натпревар в недела со Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.