петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Нови проблеми за организаторите на Олимпијадата: Пронајдена супербактерија!

super-bakterija-rio

Поврзани вести

На плажите во Рио де Женеиро, каде ќе се одржат олимписките натпревари на отворени води, пронајдена е т.н. супербактерија која е отпорна на лекови , пренесува Ројтерс.

Според последните истражувања на Федералната лабораторија на Бразил, гените на „супербактеријата“ се најдени на пет градски плажи во срцето на Рио, во лагуната Родриго де Фрејтас, како и во реката што се влева во заливот Гуанабара.

Ваквите видови на микроорганизми обично ги има во болничките средина. Тие, меѓутоа, се откриени и на неколку популарни туристички места, а просторот на нејзиното преживување постојано се зголемува, говорат американските научници.

Во текстот се наведува дека причините за тоа што оваа бактерија стасала до морските води би можеле да се лоцираат во лошиот канализациски систем, како и во отпадот на голем број клиники што се наоѓаат во близина на крајбрежјето.

Претходните истражувања покажуваат дека присуството на супербактеријата претходно било забележано недалеку од заливот Гунабара каде за време на Олимписките игри ќе се одржат натпревари во едрење и сурфање, како и на пет главни плажи во Рио, меѓу кои и на Копакабана, каде ќе се одржат натпревари во пливање на отворени води и во воден триатлон.

Инаку Олимписките игри во Рио треба да се одржат од 5-ти до 21-ви август. Се очекува дека годинава ќе учествуваат рекорден број спортисти.

Најчитани вести