Нови проекти за младите – „Здрав спорт за здраво општество“ и „Граѓанска превенција“

Меморандум за соработка помеѓу АМС и Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР) беше потписот денеска. Меморандумот за соработка го потпишаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и претседателот на Македонскиот центар за култура и развој, Нелко Нелковски.

„Со потпишувањето на Меморандумот ќе се овозможи реализација на проектите „Граѓанска превенција“„ и „Здрав спорт за здраво општество“„ кои подразбираат активности за поврзување на локалните заедници во делот на превенција и едукација во сообраќајот, превенција од насилства во училиштата, превенција и едукација од злоупотреба на социјалните мрежи и компјутерскиот криминал, ден на спортот во Република Македонија, спортска дипломатија и Фаре (Football Against Racism in Europe) национална координација на активности за Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Дел од настаните кои ќе се оддржат вклучуваат јавни дискусии, дебати, трибини и конференции, уметнички изведби, фестивали, онлајн кампањи, спортски манифестации и слично.

Овие активностите ќе бидат насочени кон младите луѓе и спортистите со цел да се придонесе за директна вклученост и активизам преку креирање на одржливи ресурси за квалитетен општествен, спортски и културен живот, велат од Агенцијата за млади и спорт.