Нови простории за универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе добие нови простории. Во тек е реконструкција на старата касарна, каде е планирано да биде префрлена оваа високообразовна установа.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во рамки на работната посета на Охрид заедно со ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ го посети објектот во поранешната касарна, чија реконструкција е во тек, а каде е планирано да биде префрлена високообразовната установа.

Нови простории за универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид
Нови простории за универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во рамки на работната посета на Охрид заедно со ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ го посети објектот во поранешната касарна.

Целиот овој простор што е доделен на Министерството, предвидено е да биде доделен на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, во рамки на проектот за изградба на универзитетскиот кампус. Досега Министерството има инвестирано во овој објект повеќе од 40 милиони денари, а тоа е само завршување на првата фаза, истакна Ристовски.

Заменик-министерот појасни дека градежните активности продолжуваат со доуредување на објектот, инсталирање на системите за греење и опремување на интериерот.

Тој изрази уверување дека првиот објект на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе биде целосно ставен во функција некаде напролет идната година.

Охрид ќе добие универзитетски кампус

Ректорот Нинослав Марина истакна дека се работи за нов концепт во образованиот систем во Македонија, преку создавање универзитетски кампус според примерите на современите образовни центри во светот, каде покрај одвивањето на наставата ќе бидат и сместени студентите.

Нови простории за универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид
Нови простории за универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Новиот кампус ќе донесе и нови содржини, дополнителни активности. Малку ќе ги оддалелечиме студентите од градската врева, што ќе им помогне да се сконцентираат повеќе на примарните активности, пред се на учењето, истакна Марина.

Поширокиот проект за универзитетски кампус во Охрид предвидува повеќе објекти и содржини. Во прво време, се работи за објект од четири илјади метри квадратни, а во наредниот период и уредување на уште еден таков објект од поранешната касарна, што ќе бидат поврзани со аула односно објект во кој ќе биде сместен Ректоратот на Универзитетот.

Во подоцнежната фаза од проектот за универзитетски кампус предвидена е и адаптација на другите објекти од поранешнот армиски гарнизон „Генерал Михајло Апостолски“, како и изградба на објекти за спортски активности.