Свет

Нови протести против расизмот во Сент Луис

Нови протести против расизмот во Сент Луис

Околу 30 жители на Фергусон, градот во сојузната држава Мисури во кој на 9 август беше убиено невооружено афроамериканско момче, вчера по зајдисонце почнаа нов протест, пренесоа британските медиуми.

Околу 100 лица вчера протестираа во Сент Луис, барајќи апсење на полицаецот.

По убиството на 18-годишниот Мајкл Браун, следеа двонеделни насилни протести.

Освен тоа, ова убиство го привлече вниманието на светската јавност за состојбата на меѓурасните односи во САД и потсети на други случаи на полициско насилство, и постоењето на потенцијал за зголемување на тензиите, забележаа британските медиуми.

Историјата, меѓутоа, потсетува дека во случаите на полициско насилство не секогаш бил гарантиран судски процес, а не, пак, и пресуда, забележуваат американските медиуми.

За да почне судски процес обвинителството треба да докаже дека полицаецот не само што дејствувал со прекумерна сила, туку и намерно ги прекршил уставните права на Мајкл Браун. На овој начин кривичните дела што го привлекуваат јавното внимание не стигаат до судските сали, коментираат медиумите во САД.

Си-Ен-Ен истовремено објави снимка од инцидентот, чија автентичност не може да се потврди. Од неа се гледа дека полицаецот пукал десет пати, пренесоа француските медиуми. Досега се инфомираше дека Браун, обвинет за кражба на штека цигари, бил погоден шест пати.