Нови протести во Киев, 15.000 на улица

Околу 15.000 луѓе се собрале во Киев на најновиот протест против одлуката на украинската влада да не го потпишува Договорот за придружување со Европската Унија.

Демонстрантите се собрале на Плоштадот на независноста, на последниот од низата секојдневни протести против Владата на Украина, јавува АП.

Синоќа демонстрантите побарале од претседателот Виктор Јануковиќ да поднесе оставка поради неговата одлука да се оглуши за договорот во корист на поблиски односи со Москва.

Организаторите ветиле дека ќе останат на плоштадот „онолку долго колку што ќе биде потребно“ за да го добијат она што го сакаат од претседателот. Меѓутоа, Јанкуковиќ досега ги отфрлаше нивните барања.

Неодамна Јануковиќ потпиша договор со рускиот претседтел Владимир Путин со кој Русија ќе откупи 15 милијарди украински обврзници и ќе ја намали за околу една третина цената на рускиот гас.

Од 24-ти ноември, кога почнаа протестите, стотина луѓе учествуваат на протестите.