Нови протести во Солун и Атина против Договорот за името

Попладнево во Атина и Солун парарелно се одржаа два протести против договоро за името.

Во Атина протестот се одржа пред грчкиот парламент на плоштадот Аристотелиси. Протестот иако не беше масовен како претходните, сепак не помина без инциденти. Поголема група маскирани лица се судри со полицијата напаѓајќи ја со пиротехнички материјали и разни предмети.

Во Солун пак полицијата не дозволи протестот да се одржи пред Белата кула и ги задржала демонстрантите на една од улиците кои водат кон Кулата. Притоа дел од насобраните во обид да го пробијат полицискиот кордон фрлале камења и шишиња по полицијата, на што таа возвратила со шок-бомби, јавуваат грчките медиуми.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало дека Македонија е грчка, но и дека членовите на грчката влада се предавници.

Протестите беа организирани од две групи преку социјалните мрежи со повик дека „борбата продоложува се додека договорот за давање на терминот Македонија на Скопје не биде поништен“.