Балкан

Нови протести закажани во Сараево

Нови протести закажани во Сараево

Граѓаните на Сараево и за денеска најавија продолжување на демонстрациите на кои бараат оставка од Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

За денеска во 12 часот, најавено е ново собирање, а повикани се граѓаните од цела БиХ повторно да излезат на улиците и да побараат смена на владејачката структура во Федерацијата на чело со премиерот Нермин Никшиќ од Социјалдемократската партија.

По тридневните протести во Сараево, премиерот на кантоналната Влада, Суда Зељковиќ поднесе оставка. Демонстрантите бараат смена и на членовите на Претседателството на БиХ.

Никшиќ изјави дека „е подготвена да даде оставка ако постои ново парламентарно мнозинство“.

„Додека тоа не се случи јас ќе ја извршувам оваа функција и ќе се борам за народот“, вели Никшиќ.

Тој вели дека „единствено што е потребно за промена на власта во Федерацијата БиХ, е 50 гласови во парламентот“.

Никшиќ вели дека „со задоволство“ ќе прифати вонредни избори. Членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ оценува дека “во ваква ситуација вонредните избори се единствена опција“.

До сега по четири дена протести оставки поднесоа премиерот на кантоните Тузла, Зеница и Сараево.

Во Федерацијата БиХ има 10 кантони, а граѓаните бараат итно укинување на кантоните, двата ентитета (Федерацијата и Република Српска) и намалување на обемната државна администрација во БиХ.