Свет

Нови протестви во Хонг Конг

Нови протестви во Хонг Конг

Илјадници луѓе излегоа на улиците на нов протест во Хонг Конг откако властите во кинескиот специјален административен реон ги прекинаа преговорите со студентските лидери на продемократските демонстрации, пишува МИА.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги осуди протестите.

– Кинеската централна Влада е против незаконските акции во Хонг Конг, изјави портпаролот на кинеското МНР, Хун Леј.