Нови инвестиции и нови работни места во Виница

Нови инвестиции и нови работни места во Виница, најави вчера премиерот Никола Груевски при посетата на Виница. Во рамки на посетата беа промовирани повеќе проекти за граѓаните, а Груевски ја посети и домашната компанија Макпрогрес- Винчини.

На шест парцели веќе се градат нови фабрики

Меѓу другото, Груевски информираше и за активностите кои се превземаат за отворање на нови капацитети во индустриската зона во Виница во насока на отворање на нови работни места.

Нови инвестиции и нови работни места во Виница
Нови инвестиции и нови работни места во Виница

Она што е значајно за Виница освен Технолошко индустриско развојните зони, што се гради од страна на Владата, градоначалникот изгради индустриска зона и ги продаде сите 11 парцели од кои на 6 веќе се градат нови фабрики од кој што една е веќе готова и очекуваме веќе од септември да го почне своето работење, тоа е австриска инвестиција која во моментот врши тестирање на своето производство, истакна премиерот.

Се зголемува бројот на новотворени работни места во Виница

Покрај новоотворените работни места во зоната, исто така се зголемува и бројот на работни места и во фабриката Винчини.

Сведоци сме веќе дека за кратко време се издигнаа неколку индустриски капацитети, шест индустриски капацитети веќе се завршени, а другите 5 се во изградба. Овде имаме и една странска инцвестиција тоа е австриска компанија Текспорт која веќе започна со производство и досега има околу 140 вработени, а до крајот на годинава планира да вработи уште 40, значи 180. Нивните планови се дека во наредниот период треба да стигнат до бројката од 250 вработени. Во другите индустриски капацитети се очекува да се вработат уште 100-тина лица, така да вкупно би биле до 300 нови вработувања,  истакна градоначалникот Емил Дончев.

Во Винчини досега се врабоении 505 луѓе, а со инвестиција од 4.5 милиони евра за нова производствена линија дополнително се очекува да се зголеми бројот на вработени.

Инаку фабриката Винчини Макпрогрес која отвора и нов производствен капацитет е успешен пример на домашна компанија која користејќи ги активните мерки на владата го прошири своето производство и извезува во над стотина земји.

Нови инвестиции и нови работни места во Виница
Нови инвестиции и нови работни места во Виница

Како што потенцира Груевски, новиот капацитет на компанијата ќе значи нови 120 вработувања од кои 50 до крајот на оваа година, што, како што нагласи, е од големо значење за овој регион.

Од она што бев запознат станува збор за фабрика која постојано расте и постојано профитот го реинвестира и мерките кои владата ги спорведуваше особено делот да може реинвестираната добивка да не се одначува многу им помага затоа што целата добивка оваа компанија ја реинвестираше, истакна Груевски.

Генералниот менаџер на Макпрогрес, Глигор Цветанов изрази задоволство од владините мерки кои во голема мера им помагаат.

Нови инвестиции и нови работни места во Виница
Нови инвестиции и нови работни места во Виница

Она што беше една од антикризните мерки, за неоданочување на добивката во реинвестиција, тоа исто така беше корисно бидејќи последните години имаме реинвестирано и тоа придонесе за уште поголем развој на нашата компанија, истакна Цветанов.

Новиот капацитет на компанијата ќе значи нови работни места во Виница, кои ќе бидат од големо значење како за виничани, така и за луѓето од околните населени места, кои својата егзистенција ја наоѓаат токму во новотворените капацитети и компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.