Нови Сад домаќин на Ф4 во СЕХА Лига

Домаќин на завршниот турнир во Регионалната СЕХА Лига ќе биде Нови Сад (11 – 13 април). Деталите во врска со организацијата на четирите најдобри тима во ова натпреварување беа прецизирани со договор кој го потпишаа првите луѓе на лигата и ракометниот клуб Војводина.

За пехарот во третото издание на Регионалната лига ќе се борат четирите најдобри тима од регуларниот дел на сезоната, а ќе бидат одиграни и два ревијални натпревари , дуели на кадетските репрезентации на Србија и Хрватска и клубовите Војводина и Партизан .

“Ја прифативме препораката на Газпром завршниот турнир во СЕХА Лигата да се одржи во Србија и не се сомневаме дека Нови Сад ќе биде одличен домаќин , изјави првиот човек на ова натпреварување Михајло Михајловски.

Претседателот на Војводина, Милан Ѓукиќ, верува дека организацијата ќе биде на ниво на светското и европското првенство кое се одржа во Нови Сад.

“Сакам да се заблагодарам на градоначаликот Милош Вичевиќ за поддршката и ветувам дека ќе се погрижиме организацијата да турнирот да биде на високо ниво, изјави претседателот на Војводина Ѓукиќ.

Челниците на СЕХА лига истакнаа и дека наредната година во ова натпреварување ќе учествуваат и тимови од Словенија и Унгарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.