Нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500.000 евра издвои Општина Гази Баба.

Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при означувањето на почетокот на реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ.

– Како Влада посветено работевме да ги подобриме сите услови во поплавените подрачја и за тоа направивме неколку крупни чекори. Пред се, обезбедивме дополнителни три милиони евра директно од Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта за подобрување на локалната патна мрежа, а воедно и го сменивме Законот за да може „Македонија пат“ директно да се вклучи во изградбата на сите локални патишта во местата зафатени со поплавите

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.