Нови скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово

Во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово ќе се градат современи и модерни скејт паркови за младите лица.

Овој проект денеска го објави претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Ќе се изградат пет нови паркови во кои младите кои се занимаваат со екстремни спортови ќе можат да развиваат вештини како врсниците во Европа и светот. Ќе има повеќе рампи и скокалници, а паркот ќе биде изработен од специјална подлога поради поголема безбедност и дрвена конструкција, изјави премиерот.

Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи ќе започне со градба од 2017 година, по извршување на неопходните подготовки.