вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Нови снимки на ИД: Пофалби за нападот во Орландо

isis-noviii

Поврзани вести

Мажот идентификуван како американецот што се бори за Исламска  држава објави видео снимка во која дава пофалба за нападот во ноќниот клуб во Орландо.

Нападот го изведе симпатизерот на ИД Омар Матен, Американец со потекло од Авганистан, а тој уби 49 лица во геј клуб во градот на Флорида.

Американските власти сеуште официјално не потврдиле дали навистина се работи за напад на Исламска држава, но во новата снимка Абу Исмаил Амрики ја пофали оваа акција на Матен.

Американецот се појавува  во војничка униформа, говори англиски, се слуша арапска музика, а во рацете држи пушка.

Како што пишува Ен Би Си, покрај пофалбите за Орландо, џихадистот спомн ува и ненадеен напад за време на Европското Првенство во фудбал, како и дека операцијата е во тек.

Најчитани вести