Свет

Нови сознанија: Малезискиот авион пренесува опасни материјали кои што биле запалливи

Нови сознанија: Малезискиот авион пренесува опасни материјали кои што биле запалливи

Потрагата за исчезнатиот малезиски авион продолжува, а засега нема ниту трага од остатоците кои наводно биле забележани преку сателит пред пет дена. Во меѓувреме, нови факти излегуваат на виделина.

На најновата конференција за печат, малезиските власти објавија информации дека авионот носел литиум- јонски батерии кои можат да бидат нестабилни на големи висини и можат многу лесно да се запалат.

На патниците не им е дозволено со себе да носат потрошени батерии, ниту да ги имаат во багажот кој што го носат.

Овие рестрикции постојат од први јануари 2008-ма година. Батериите кои што се забранети на летовите се оние кои во себе имаат и најмала трага од литиум во себе.