Македонија,Економија

Нови странски компании се очекуваат да инвестираат во Македонија

Нови странски компании се очекуваат да инвестираат во Македонија

До крајов на месецов компании од САД, Германија и Италија ќе ја скенираат земјава во потрага по поволна локација за инвестирање, вели за „Лидер“ Виктор Мизо, првиот човек на ТИРЗ. Тој вели дека дел од компаниите се пред конечна одлука да стратуваат со изградба на фабрика.

Некои од нив ќе прават прва посета, по петходно остварени контакти со седиштата на тие компании, но некои доаѓаат по четври, петти пат со големи тимови од десетина луѓе за последно скенирање и финална одлука за каде ќе инвестираат. Позитивното е тоа што кај индустриите каде овие компании се насочени на европскиот пазар постои притисок до крајот на 2015 или првиот квартал на идната година веќе да имаат постоечки нов капацитет што значи дека тие одлуки не покасно од крајот на третиот квартал оваа година мора да се донесат за тој перид од 12, 15 месеци да може да се задоволи за да се заврши со градба, вели Мизо во интервју за порталот.

Тој вели дека дури и во случај да не бидеме избор на земја за инвестираење кај некои компании тоа не треба да не обесхрабрува, бидејќи во најчест случај причините се објективни:логистика, домашни добавувачи и сл. на кои не можеме да влијаеме.

Народната банка во првиот квартал од годинава во земјава регистрирашр 86,9 милиони евра странски инвестиции, што е околу 10 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголеми инвестиции доаѓаат од Швајцарија, Германија, Австрија и од Грција, а најмногу се инвестирало во производството, земјоделството и енергетскиот сектор.

Според проценките на Владата, годинава, странските директни инвестиции ќе надминат 300 милиони евра.

Само во последните неколку месеци десетина странски компании најавија отворање на производствени погони во Македонија и отворање на илјадници нови работни места. Меѓу поголемите странски инвеститори се турската групација Веибо груп која ќе инвестира 180 милиони долари во изградба на текстилен град во североисточниот дел во Македонија, во кој ќе бидат отворени од 4.000 до 5.000 работни места. Украинската компанија Енергиа ЛТД најави инвестиција од 18 милиони долари во фабрика за прочистување на вода во слободната зона во Бунарџик, во која ќе се вработат над 150 луѓе. Италијанската компанија Диатек пак, ќе инвестира 10 милиони евра во изградба на производствен погон за апарати за дигитално печатење, во кој е предвидено да се вработат 200 лица, а американската групација КСС најави инвестиција од 20 милиони долари во фабрика за автомобилски делови во слободната зона во Кичево, каде што ќе бидат отворени 200 нови работни места, анализира „Лидер“.

Речиси две милијарди евра странски директни инвестиции СДИ се влезени во Македонија од 2007-та до денес.