Нови судири кај Краматорск и Славјанск, загинати 11 украински војници

Вршителот на должноста претседател на Украина, Александар Турчинов рекол дека за време на минатата ноќ се обновени судирите меѓу украинската војска и проруските сепаратисти во Краматорск и Славјанск.

Кај Краматорск е уништена база на терористи. Украинските војници во Славјанск ја заземале зоната од пет километри околу телевизиската кула, од каде се емитуваат украински ТВ канали за Краматорск, Славјанск и другите реони на Доњецката област.

Тој повторил дека власта нема да „преговара со терористи“.

Министерството за одбрана на Украина соопштило дека за време на судирите кај Краматорск во средата се заробени тројца востаници, а ранети и загинати војници нема.

Народниот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, меѓутоа тврди дека во судирите кај Краматорск и Славјанск загинале 11 украински војници и дека уште неколку се ранети.

Не навел дали имало жртви меѓу востаниците.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.