Нови судири меѓу студентите во Хонг Конг

Полицијата мораше да употреби солзавец и палки во новите судири кои избија меѓу студентите и нив во Хонг Конг, а со цел да ги растера демонстрантите, објави МИА.

Студентите ја обвинија полицијата дека се здружила со мафијата за да ги дестабилизираат продемократските протести.

Протестите во Хонг Конг продолжуваат седми ден по ред. Десетици илјади демонстранти пристигнаа во квартот каде што се наоѓа седиштето на власта на поранешната британска колонија.

Истовремено, лидерите на протестното студенстко движење изјавија дека би можеле да ги обноват преговорите со власта под определени услови.

Демонстрантите бараат измена на изборниот систем и право на глас за сите, како и оставка на лидерот на извршната власт. Веќе една недела демонстрантите окупирале неколку стратешки објекти во административните, финансиските и трговските делови на Хонг Конг. Тие, исто така, ги блокираа и патиштата во оваа кинеска автономна територија, каде живеат седум милиони луѓе.

Главниот администратор на Хонг Конг, Лајн Чунин вчера им постави ултиматум на продемократските демонстранти да ги отстранат до утре блокадите од сообраќајниците во Хонг Конг.