Нови судири во Украина – шест загинати и 14 ранети

Шест украински војници загинаа и четириенаесет се ранети во изминатите 24 часа во судири со проруски бунтовници на исток во Украина, соопштија официјални претставници.

– Ситуацијата и понатаму е нестабилна во близина на аеродромот во близина на Доњецк. Непријателот повторно користи тенкови, блиндирани возила и тешка артилерија, изјави Андреј Лишенко, портпарол на украинската армија, пренесува МИА.

Тој додаде дека во зоната на конфликти синоќа надлетувале „непријателски дронови“.

ОБСЕ исто така соопшти дека во близина на аеродромот во Доњецк е регистрирано зголемено насилство. Од почетокот на конфликтот во април 2014 година на исток во Украина загинаа повеќе од 6.400 луѓе.