Нови траги во истрагата за убиството на Улоф Палме

Човек кој рекол дека бил очевидец на атентатот на шведскиот премиер Улоф Палме пред 32 години сега е доведен во врска со злосторството, пишува списанието „Филтер“.

Според истражувачката сторија,  човекот по име Стиг Енгстром, кој починал во 2000 година е најверојатно убиецот на Палме. Енгстром како осомничен го именувал новинарот Томас Петерсон, чија 12 годишна истрага за атентатот е објавена во „Филтер“.

Полицијата првично не го вклучила меѓу осомничените, но извештаите во медиумите сугерираат дека неодамна биле спроведени разговори со луѓе блиски до Енгстром, објави Би-Би-Си.

Палме, харизматичниот лидер од редовите на социјалдемократите, беше убиен од огнено оружје во центарот на Стокхолм откако излегол од кино со својата сопруга на 28 февруари 1986 година. Околу 10,0000 луѓе беа испрашувани по неговото убиство, а од 134 лица од тогаш изјавиле дека го извршиле кривичното дело.

 

 

Во полицијата велат дека тие ги следат новите траги во овој случај и ветуваат оти мистерија ќе биде решена„ во блиска иднина“, пренесува шведските медиуми.

Поранешната сопруга на Енгстром потврдила за весникот „Експресен“ дека детективите два пати ја испрашувале за Стиг минатата година.

Таа тврди дека Енгстром бил „премногу голема кукавица“ за да можел да стори такво нешто и дека не би згазнал ниту мува.