Нови три локации за изградба на стопански објекти во општина Илинден

Општина Илинден објави електронско јавно наддавање на нови 3 локации на градежно земјиште, наменети за изградба на стопански објекти. На потенцијалните инвеститори им се нудат атрактивни парцели во локалната економска зона Марино-Кадино.

Gradba vo ekonomska zona Marino-Kadino

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање, најдоцна до 23.01.2015 година, до 16:00 часот.

Општина Илинден продолжува со доброто планирање на просторот и квалитетната понуда на атрактивни локации кои што придонесуваат секојдневно да се зголемува бизнис заедницата во Општината. Поволните услови што Општината им ги нуди на инвеститорите, ниските цени на градежното земјиште и малите давачки за инвеститорите, како и континуираните вложувања во квалитетна патна и комунална инфраструктура, овозможи забрзан локален економски развој, поради што Општина Илинден е лидер по инвестиции и вложувања во регионот.

Сите заинтересирани подетални информации можат да најдат на веб страната на општина Илинден www.ilinden.gov.mk