Нови три случаи на жолтица во Скопје

Нови случаи на заразени од жолтица  се регистрирани во Скопје, а се работи за две деца на возраст од 8 години и едно 11 годишно дете. Децата се амбулантски лекувани и се пуштени на домашно лекување.

Досега во Скопје се регистрирани вкупно 124 заболени од жолтица, а  23 од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Во Штип, каде што исто така беше прогласена епидемија на жолтица, веќе четири дена нема нови заболени, а досега се евидентирани 58 случаи.

Надлежните велат дека состојбата со вирусната жолтица се смирува и бројот н заболени опаѓа.