Балкан

Нови турски нарушувања во Егејско Море

Нови турски нарушувања во Егејско Море

Четиринаесет турски ловци навлегле без план за летање во грчкиот воздушен простор над Егејското Море.

Грчките власти регистрирале десет нарушувања на правилата за воздушно движење во реонот на зоната за летање над Атина и три нарушувања во националниот воздушен простор во североисточниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Турските авиони биле пресретнати од грчки ловци, пренесува МИА.

Осум од нив учествувале во воена вежба на турските военовоздухопловни и военопоморски сили, што се одржува во југоисточниот дел на Турција крај грчкиот остров Родос.

Тоа се уште едни во низата турски нарушувања на грчкиот воздушен простор, откако претходно оваа седмица исто така беа регистрирани такви нарушувања на турската воена авијација.