Нови урбанистички планови во Илинден

Општина Илинден во текот на овој месец интензивно работи на донесување на нови урбанистички планови за населените места Илинден, Марино и Кадино, со важност во наредните 10 години, со вкупна површина од 700 хектари.

Правилното урбанистичкото планирање на просторот, како што е наведно во соопштението од Општината, ќе придонесе граѓаните да можат да ги прибават потребните одобренија за градење за доградби, надградби, реконструкции на своите објекти, како и вклопување на веќе легализираните објекти. Урбанизацијата ќе овозможи и формирање на нови економски зони за привлекување на домашни и странски инвестиции, со што директно ќе се влијае во интензивирањето на локалниот економски развој и отворање на нови работни места.

Од вкупната површина на Општината од 106,7 километри квадратни, со урбанистички планови е опфатена површина од 16,5 милиони метри квадратни, од кои 10,5 милиони метри квадратни индустриски зони, со искористеност од 91 отсто од површината.

Во моментот за урбанистичкиот план за Кадино со пвршина од 135,50 хектари се спроведува јавна анкета по која ќе се изврши усвојување и спроведување на планот.

За населеното место Марино урбанистичкиот план со површина од 204 хектари е во фаза на негово утврдување и одобрување од страна на Советот на Општината, по што ќе се спроведе јавна анкета и презентација на планот пред граѓаните.

Ilinden1-500

Урбанистичкиот план за населба Илинден со површина од 360,50 хектари е поставен на јавен увид на граѓаните, со цел тие да го дадат своето мислење.

Општина Илинден ги повикува учесниците во локалната заедница да дадат мислења и предлози со кои ќе дадат придонес во квалитетното просторно планирање и имплементирање на визијата за развојот на општината во наредните 50 години. – Само со максимално учество на граѓаните во планирањето може да се изврши квалитетно организирање на просторот, се вели во соопштението.

Новите урбанистичките планови граѓаните можат да ги видат во просториите на Општината, во Домот на култура „Илинден“-за населба Илинден, во Домот на култура „Кадино“-за Кадино, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“- за Марино и на веб страницата на Општина Илинден www.ilinden.gov.mk

Сите заинтересирани граѓани и стопанственици кои што се опфатени со урбанизацијата во овие населени места можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, своите сугестии можат да ги искажат и на директниот телефонски број 2571-703, на општинскитемеилови gradonacalnik@ilinden.gov.mk,   urbanizam@ilinden.gov.mkinfo@ilinden.gov.mkilinden@ilinden.gov.mk, а сопствени коментари можат да дадат и на веб страната на општината.