Нови успеси на сириската армија, ИД погуби 19 цивили

Војската на сириската влада во саботата дојде на чекор од заземање на целиот град Хомс со евакуацијата на бунтовниците од последните населби кои беа под нивна контрола во третиот по големина град во Сирија, додека на другиот крај од фронтот во судирите џихадистичката групација Исламска држава (ИД) погубила 19 цивили, меѓу кои и жени и деца.

Евакуацијата на Ваер, последното бунтовничко упориште во Хомс, е последниот во низата порази на сунитската вооружена опозиција. Од декември бунтовниците ги загубија своите упоришта во Алепо и во предградијата на главниот град Дамаск.

Во тек е последната евакуација на бунтовниците, нивните семејства и цивилите кои сакаат да го напуштат Хомс, изјави гувернерот на истоимената покраина,.

Околу три илјади луѓе, од кои 700 бунтовнички борци, би требало да го напуштат Ваер до неделата претпладнето. Евакуацијата на оваа населба започна пред два месеца. Заминале вкупно 15.000 лица, од кои 12.000 цивили и 3.000 бунтовници, прецизирал.

Тие се повлекуваат во покраините кои се доминантно население со сунити, додека во обратен правец се евакуираат шиитите.

Истовремено Исламската држава во источната покраина Деир-ез-Зор егзекутирала 19 цивили, меѓу кои две жени и две деца, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон. Според нејзините активисти, оваа егзекуција доаѓа ден откако џихадистите погубиле 50 луѓе во централната покраина Хама.