Нови воздушни напади врз џихадистите во Кобане

САД минатата ноќ извршија девет воздушни напади врз позиции на борците од групацијата Исламска држава во околината на сирискиот град Кобане, соопшти американската централна команда, објави МИА.

Шест од нападите биле извршени врз припадници на Исламска држава, јужно од Кобане, а други три северно од градот.

Во нападите се разурнати неколку згради, кои ги користела групацијата.