Нови врнежи од снег вечерва

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло, а кон крајот на денот е можен локален дожд кој преку ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, со дневна температура до 10 степени.

Утре на повеќето места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка, особено во западните планински предели со висина од околу 20-ина сантиметри. Преку денот, односно во вечерните часови ветерот ќе се засилува и наместа ќе достигнува до околу 60 километри на час.

Во наредните денови се очекува претежно стабилно и суво време со пораст на температурата.