четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 2

Нови врнежи од снег и заладување

Утре врнежите од снег ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет.

снег

Последни вести

Врнежи од снег со слаб интензитет најави за ноќеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите ќе почнат од југозапад откако нашето подрачје ќе потпадне под периферно влијание на циклонска активност во Медитеранот.

Утре врнежите од снег ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините ќе биде од пет до 10 сантиметри.

Во среда претпладне ќе има врнежи од снег со слаб интензитет, а поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утринските температури ќе бидат во опаѓање. Најниски се очекува да бидат во сабота, од -16 до -6 степени, додека дневните ќе бидат во благ пораст и во недела ќе се движат од -1 до 6 степени.

Најчитани вести