Нови заменици-координатори на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

Во Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денес, официјално се назначени двајца нови заменици-координатори на Пратеничката група во Собранието на Република Македонија.

Како што дознаваме, на досега празните места за заменици координатори на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се назначени пратениците Зоран Илиоски и Крсто Мукоски.

Имено, пратеникот Зоран Илиоски во Собранието на Република Македонија е актуелен претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и член на Извршниот Комитет на партијата.

Krsto-Mukoski(1)Додека, пратеникот Крсто Мукоски, за кој впрочем ова е втор мандат како пратеник во Собранието на Република Македонија, по оној во периодот од 2008 – 2011 година, има и дополнителна функција во едно од работните тела на Собранието на Република Македонија како претседавач на Комисијата за финансирање и буџет.

Според ова, станува збор за пратеници со големо политичко искуство, но и одлично познавање на функционирањето  и работата на Собранието на Република Македонија, како и функционирањето, обврските и задачите на пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

zoran-ilioski(1)Како заменици координатори на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците Илиоски и Мукоски, ќе имаат обврска да помагаат и да се грижат за секојдневните активности на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нејзино  функционирање во Собранието на Република Македонија, за активностите и работните задачи на секој пратеник поединечно и Пратеничката група во целост, како и останати обврски и работни задачи во врска со работата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.