Нови заштитни огради покрај тротоарите во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ќе продолжи да поставува заштитни огради покрај тротоарите, велосипедските и пешачките патеки и на други места каде што ќе биде потребно да се обезбеди непречено движење на пешаците и на велосипедите.

За таа цел ќе се набават 1.300 метални столпчиња високи 60 сантиметри, како што беа поставувани и во претходниот период на територијата на општината.