Спорт

Германецот на есен ќе ја игра 21 сезона, но сака да игра уште Новицки не размислува за пензионирање

Новицки не размислува за пензионирање

Легендарниот германски кошаркар, Дирк Новитцки го продолжи договорот со „Далас“ за уште една година, па наредната сезона ќе му биде 21 во НБА лигата, но Германецот не мисли дека тоа ќе му биде последна во најсилната лига.

На Новицки му се игра кошарка, па тој за наредната сезона ќе доние пет мииони долари, иако на крајот од сезоната стана слободен играч, но остана верен на „Далас“ и овозможи клубот да го склопи тимот во рамките на предвидениот буџет.

Германец укажа дека, ако телото му го дозволи тоа ќе продолжи понатаму.

Одлуката ќе ја донесам на крајот, кога ќе видам како се се одвивало. Ја одиграв речиси цела минатата сезона, бев здрав и можев да го одиграм секој натпревар, но решив да одам на операцијапорано. Ако слично биде и наредната сезона тогаш можеби ќе размислам. Ќе ја оставам отворената вратата. Можеби ќе одиграм уште една сезона, но ќе пристапам на сè како утре да не постои. Ќе се обидам да бидам ефикасен како што бев секоја година до сега. Се надевам дека ќе биде интересно, рече Новицки.

Германецот во 20 сезони за „Маверикс“ постигна 31.187 поени и моментално е шести стрелец во историјата на НБА лигата.