Новинар почина по интервју со Сноуден

Дејвид Кар, ветеран во американското новинарство и долгогодишен новинар на “New York Times”, починал вчера во редакцијата откако одненадеж му се слошило.

58-годишниот Кар во редакцијата на “Times” се приклучил во 2002-та година, а пишувал за состојбата на медиумите и нивната еволуција воопшто.

dejvid-car-snouden-smrt-01

Ја напишал книгата “Ноќ на пиштоли” која била објавена во 2008-та година. Ова дело е всушност збирка од негови мемоари во кои ја опишал својата борба со зависноста од дрога.

Кар уживал големо почитување од колегите ширум светот.

Неколку часа пред изненадната смрт, Кар сателитски го интервјуирал Едвард Сноуден, како и колегите Глен Гринвалд и Лора Поитрас.

Сноуден во разговорот за филмот кој зборува за неговите активности, а номиниран è и за Оскар, учествувал по пат на видео-линк од Русија, наведува AP.

Кар во “Times” се вработил во 2002-та година како економски новинар, а неговата колумна во која ја анализирал поврзаноста на медиумите и технологијата, била објавувана на економски веб страни.

Зад себе ја оставил сопругата Џил и три ќерки.