Македонија

Новинари и тур-оператори во посета на Охрид

Новинари и тур-оператори во посета на Охрид

Новинари, тур-оператори и претставници на туристички агенции од неколку земји од денес па до 5. Април ќе бидат во посета на Охрид. Посетата на странските гости е дел од промотивната тура за презентација на туристичките потенцијали на градот, а е во организација на Секторот за туризам и локален економски разввој при општина Охрид, пренесе МИА.

На промотивната тура која се организира по втор пат, учество ќе земат новинари и туристички работници од Туција, Словенија, Русија Србија, Израел, Унгарија, Украина, Бугарија и Австрија.

Покрај промоцијата на туристичките знаменитости и хотели на Охрид, повеќедневната посета ќе биде искористена како можност за склучување на директни договори за нови туристички пакети и нови авионски линиии до Охрид.

Од секторот за туризам и локален економски развој информираат дека локалната власт става акцент на новиот пристап на промоција на убавините на градот.