среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 42

Новинари и музичари во филмот за Влада Дивлјан

Своето учество во филмот за Влада Дивлјан, насловен „Небеска тема“ го потврдија Дарко Рундек, пијанистот и професорот Александар Шандоров, фронтменот на бендот „Лјетно кино“ Младен Макс Јуричиќ, составот „Дарквуд даб“ и познатиот новинар Петар Пеца Поповиќ, соопшти продуцентската куќа „Стархил“ , пренесува Хелло Магазин.

vlada-divljan

Поврзани вести

Наскоро ќе биде познат комплетниот список на учесниците што ќе бидат дел од долгометражниот документарен филм за животот и работата на Влада Дивлјан.

Сценаристот и режисерот на филмот „Небеска тема“ Младен Матичевиќ зад себе има повеќе од 20 документарци, меѓу кои и наградуваните филмови „Како се станува херој“, „Run for Life“ и филмот за Арсен Дедиќ, „Мојот занает“.

За својот најнов проект тој вели дека „Небеска тема“ ќе биде „филмска посвета на еден од најголемите херои на неговата младост“.

Влада Дивлјан беше симбол на Белград, едно од оние момчиња на кои што сите им се восхитувавме и поради кои што се гордеевме со фактот дека сме од овој град, изтакна Матичевиќ.

Снимањето на филмот ќе почне во април, а премиерата е планирана за оваа есен.

Најчитани вести